
Зголеменото ниво на шеќер во крвта може да биде причина за разни болести, па затоа е важно да го спречите и навреме да го лекувате. Постојат природни лекови кои можат да помогнат да се намали, а еден од нив е овој лек од 3 состојки.
Содржи многу витамин Ц, минерали и антиоксиданси, а една од најважните состојки е ловоровиот лист – зачин кој делува антибактериски и позитивно влијае на регулацијата на шеќерот кај дијабетичарите.
Состојки:
400 гр корен од целер
4 лимони
4 свежи ловорови листови
Подготовка:
Исцедете сок од четири лимони. Излупете го коренот од целер и изрендајте го. Во тенџере измешајте целер и лимон, а во поголем сад ставете чаша вода. Во поголемиот ставете ја содржината од тенџерето со лимон и целер и покријте го. Гответе на средна топлина околу 1 час и 30 минути. Во мало тенџере ставете го ловоровиот лист и варете уште 10 минути.
Промешајте, извадете го ловоровиот лист и истурете ја смесата во тегла. Лекот чувајте го во фрижидер и земајте го секое утро околу 2 месеци.
Напомена: Овој лек не е замена за терапијата што ви ја препишал вашиот лекар!