Ако ви е доста од бојата на косата или сакате да ја освежите без ризик од оштетување, тогаш внимателно прочитајте го овој текст.
Најдовме рецепт за домашна боја која многу лесно се прави и дава одлични резултати.
За подготовка ќе ви требаат 1 кг зелени ореви. Извадете ја лушпата и ставете ги во 1 литар вода и варете на тивок оган додека не зовријат. Покријте делумно и внимавајте да не прска. Оставете да отстои преку ноќ. Следниот ден се цеди и се меша со балзам или кондиционер за да се добие доволно за бојадисување.
Апликација:
Работете со ракавици и заштитете ја облеката. Нанесете на сува коса, како да фарбате, па покријте со кеса и оставете да делува најмалку 1 час. Во зависност од тоа колку долго ќе ја држите бојата, ќе добиете различни нијанси. На крајот од боењето, измијте ја косата на вообичаен начин.
Се разбира, нема зелени ореви во текот на целата година. Ако ви се допаѓа резултатот од ваквото фарбање, треба да знаете дека кората може да се замрзне во фрижидер и дека ефектите ќе бидат исти.