Најдлабоките кањони во светот кои привлекуваат многумина со своите тајни!

popara13 март, 20221min00
62247658

Кањоните се камени џинови кои не фасцинираат со векови, па не е ни чудо што се популарна атракција меѓу туристите. Во светот се популарни американскиот Голем Кањон, Тајванскиот Тароко, Оној чие име не може да се изговори на Исланд (Fjaðrárgljúfur )…. Grand Canyon се смета за најголемиот кањон во светот, со неговите 320 километри должина и 1.800 метри длабочина, а овие се едни од најдлабоките во светот.

Кањонот Antelope, Соединетите Американски Држави (1.800 метри)

Американскиот кањон Antelope се наоѓа во државата Аризона, а ако можеби не ви звучи познато по име, сигурно ќе го препознаете по сликите. Овде карпите на кањонот формираат портокалов лавиринт низ кој поминуваат сончевите зраци и создаваат совршена позадина за фотографии или видеа. Милениумците веднаш ќе го препознаат од видеото на Бритни Спирс.

Copper кањонот, Мексико (1.879 метри)

Станува збор за комплекс од шест кањони формирани од шест реки, а познати се по зеленикавите карпи по кои го добиле името. Дополнително зеленило го покрива кањонот на големи надморски височини каде растат големи дабови шуми, додека во пониските делови може да се сретнат смокви и палми. Во областа живеат и околу 50.000 членови на домородното племе Рарамури. Кањонот може да се пофали и со туризам, па можете да го истражувате со пешачење, планинарење, јавање или возење.

Kali Gandaki, Непал (6.000 метри)

Често се смета за еден од најдлабоките кањони во светот, а одвојува два планински врва лоцирани на 8.100 метри надморска височина. Историски гледано, овој кањон служел како трговска рута меѓу Индија и Тибет, а денес е популарен меѓу планинарите.

Кањонот Colca, Перу (3.400 метри)

На самиот југ на Перу се наоѓа Кањонот Колка, долг околу 70 километри. Долината што се протега меѓу нејзините ѕидини е шарена – и поради вегетацијата и поради старите шпански колонијални градови во кои домородното население живее и денес.

Во еден дел од кањонот се забележуваат црвени траги на карпите. Иако не се работи за крв, објаснувањето за овие сцени не е далеку од тоа. Станува збор за гробови во карпите во кои членовите на локалните племиња некогаш ги закопувале своите мртви. Кањонот Колка е една од најпопуларните туристички атракции на Перу, привлекувајќи повеќе од 100.000 посетители годишно.

Tsangpo Grand Canyon, Кина (6.000 метри)

Со своите 500 километри должина, тибетскиот кањон е дури и подолг од американскиот Голем кањон, а според некои проценки е и најдлабок во светот. Она што го прави величествен е и она што (не) му недостига: човечко присуство. Речиси целиот екосистем е недопрен, а само мал дел е населен со локални племиња кои живеат во хармонија со природата. На малиот број посетители им „помогна“ комплицираната ситуација меѓу Кина и Тибет.

Оние кои успеале да стапнат на неговата земја биле претежно кајакари кои го нарекувале „Реката Еверест“ поради многуте бурни реки совршени за екстремни авантури.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma