Aктерот Лиам Нисон (59) бил редовен посетител на Клубот 44 во познатото летувалиште Сен Тропе, каде што престојувал со неговата сопуга Наташа Ричардсон со години пред нејзината трагична смрт во 2009 година. На преубавата француска ревиера сега ја однел својата нова девојка, експерт за односи со јавноста, Фреја Џонстон (37).
Рака под рака, со својата повеќе од дваесет години помлада девојка Нисон се појавил во ексклузивниот клуб Cote D’Azur.
-Нежно се бакнуваа и сосема е очигледно дека се среќни заедно. Се чини дека се опседнати еден со друг-изјавува анонимен извор.
Ѕвездата од филмовите “Листата на Шиндлер“,”Царството небесно “, “Шпекулации“…прв пат е виден со Џонстон во октомври на вечера во ресторан во Лондо, а потоа биле забележани на прошетка низ паркот во Лондон, само ден по втората година од смртата на Наташа Ричардсон. Сепак, до сега само се шепкулираше околу тоа дали се пријатели или нешто повеќе…
Лиам Нисон, живее во Њујорк со своите синови од бракот со Ричардсон, Мајкл (16) и Даниел (15), додека неговата нова девојка која е самохрана мајка со своите деца живее во Лондон.