Еден јужноафриканец се разбудил во мртовечница речиси еден ден откако а неговото семејство му било соопштено дека тој починал, соопштиле официјални лица од здравството.
Портпаролот на министерството за здравје Сизве Купело изјавил дека мажот се разбудил во неделата попладне, 21 час откако неговото семјество повикало погребална служба, бидејќи тој имал напад на астма и било констатирано смрт.
Од службата испратиле возило, откако семејството ја повикало и изјавиле дека починатиот има околу 80 години.
“Кога стигнал таму, возачот го прегледал телото, проверил пулс, прегледал срцевото отчукување, но немало знаци на живот“, било изјавено од сопственикот на погребалната служба.
Меѓутоа, ден потоа, телото било сместено во заклучен оддел специјален за ладење, вработените од службата чуле како некој повикува помош.
Мислеле дека станува збор за дух. “Неможев да поверувам. Се исплашивме. Повикав полиција“, изјавил Маколо, сопственикот на службата.
Кога го извадивме старецот, тој беше блед и прво нешто што прашал : “Како се најдов овде?“
Семејството било известено додека бирале цветни аранжмани за погребот.
“Многу сме среќни што се врати дома“, изјавиле од погребалната служба.