ГЛАМУРОЗНО ИЗДАНИЕ НА ПРЕУБАВАТА КЕЈТ МИДЛТОН: Фустан во прекрасна боја и накит позајмен од кралицата!

popara24 март, 20221min00
274509_profimedia0672820118_ls

Откако воодушеви со свеченото издание во розов фустан од светкави конци, војвотката од Кембриџ повторно блесна во свечена мода.

На турнејата по Карибите со принцот Вилијам, британската миленичка пристигна во Јамајка, а на вечерниот прием кај генералниот гувернер успеа целосно да блесне во раскошен зелен фустан.

Kejt Midlton

Со мноштво слоеви од тул и блескави апликации, фустанот што се гледа на Кејт го потпишува британската дизајнерка Џени Пекам, а чии гламурозни фустани за специјални пригоди се чест избор на војвотката од Кембриџ.

Kejt Midlton

Иако решила на споменатиот дочек да дојде без дијадема, таа ја облекла косата во шик пунџа, облагородени со смарагдни обетки позајмени од кралицата, додека ги истакнала украсите на фустанот.

Како ви се допаѓа ова издание на убавата Кејт Мидлтон?