
Ова е град кој не треба посебно да се претставува, но за него секогаш може да се зборува и пишува одново и одново. Венеција е преполна со архитектонски убавини, галерии и катедрали, а што е најважно, иако не е евтина, не мора да потрошите цело богатство за да уживате во неа. Еве неколку едноставни идеи за добро време!
Сладолед со врвен квалитет
По цел ден талкање и восхитување, треба да се опуштите, а во тоа ќе ви помогне финиот сладолед или како што велат Италијанците – gelato. Многу фини вкусови ќе најдете во слаткарницата Suso Gelatoteca, а има доволно вкусови што за два дена во Венеција сакате да ги пробате барем пет пати.

Возење со гондола
Можеби не е најевтината работа на светот, но уживајте, бидејќи ако сакате да го видите папата во Рим, претпоставуваме дека сакате и да се прошетате со гондола во Венеција. Тие на најдобар можен начин ја раскажуваат приказната за историјата, културата и градот и дефинитивно се еден од неговите симболи. Секоја гондола е многу удобна, а ако сепак го убедите гондолиерот да запее канцона, на среќата ќе и нема крај.

Областа Канареџо
Оваа населба се наоѓа на самиот север од градот, и да, можете да најдете одмор од гужвата. Имено, иако огромен број жители ја напуштија Венеција со појавата на масовниот туризам, а становите претежно беа претворени во туристичко сместување, сепак тука живеат голем број локални жители. Има многу ресторани и барови, а тие се и поевтини, така што одењето во овој дел од градот може да биде доста добра идеја.

Плоштадот Свети Марко
Доколку секако сакате живост, но и „центар на центарот“, овој плоштад е неизбежна дестинација. Рестораните и кафулињата се прескапи, но со оглед на локацијата тоа е сосема нормална работа. Најпрво, треба да уживате во погледот на познатата базилика и дуждовиот дворец и да размислите да ги посетите, а единственото нешто што е бесплатно овде се погледот, прошетката и музиката што ја свират разни улични пејачи.


Зајдисонце
Зајдисонцето во Венеција не смее да се пропушти. Додадете го тој поглед на гондолите кои минуваат низ каналите или одразот на сонцето на морето… Можете ли да го замислите тоа? Ако не, одете и искусете, ова е целосно бесплатно искуство.