Се што ви треба е чаша ВОДА: Направете домашен тест за КАНДИДА и проверете го нејзиното ниво во организмот

popara25 март, 20221min00
kandida

Кандидата често се јавува на јазикот, но и во пределот на гениталиите и во цревата

Кандидата главно е предизвикана од пад на имунитетот и долготрајна изложеност на стрес, но и од неадекватна исхрана базирана на шеќери.

Постојат различни начини на кои можете да го одредите нивото на кандида во телото, а тие вклучуваат брисеви од јазикот за габи, како и испитување на столицата.

Постои и вагинална кандида, цревна, но и онаа што се појавува на јазикот во вид на бели точки.

Меѓутоа, постои и домашен тест за кандида кој луѓето го користат со години, а тој е многу едноставен и има сигурни резултати.

Еве што да направите:

Пред да си легнете, наполнете чаша со чиста вода и оставете ја покрај креветот. Следното утро, веднаш откако ќе се разбудите, плукнете во водата. Не обидувајте се да соберете голема количина плунка во устата, само плукнете го она малку што го имате во устата откако ќе се разбудите.

Оставете ја чашата да отстои 15 минути. После тоа, пронајдете извор на светлина и погледнете во него. Доколку плунката остане на површината на стаклото или се стопи, нивото на кандида во вашето тело не е зголемено. Нормално е ако има воздушни меури во водата.

Ако водата станала заматена или можете да видите „ленти“ од плунка како се спуштаат во водата или ако плунката се акумулира на дното на чашата, постои голема веројатност да имате премногу кандида во телото.

Во овој случај, најдобро е да се консултирате со лекар или да се обидете да се ослободите од кандидата на природен начин.