5 најсреќни денови во април: Искористете ја нивната магична моќ за да ги остварите желбите

popara29 март, 20221min00
silhouette-g48dcc514c1920-830x0

Астролозите тврдат дека најубавиот пролетен месец на многумина ќе им донесе среќа и исполнетост

Наскоро доаѓа најубавиот пролетен месец – април, а астролозите тврдат дека носи пет датуми кои ќе бидат особено среќни за секој хороскопски знак.

Ова се денови кога среќата не следи на сите полиња од животот. Еве кои датуми во април треба да се искористат на најдобар можен начин.

4-ти април – Ден на огледалото

Првиот среќен ден од април е денот кога владее моќниот низ 4-4-4. Од 4-ти ден, 4-ти месец и 22 година, што повторно дава збир 4, тоа е ден кој се темели на хармонијата од четири елементи на среќа, интегритет и мир.

Понеделник е, па ќе ни помогне да ја започнеме новата недела со сосема нова, позитивна енергија. Држете се до вашите планови и желби за овој ден, може да се остварат.

5-ти април – Венера влегува во Риби

Уште еден поволен датум ќе дојде веднаш по денот на огледалото. На петтиот ден од април не очекува многу позитивен и важен астролошки настан. Венера ќе влезе во својот омилен хороскопски знак, Риби.

Во овој знак ќе и биде многу удобно, а таму ќе остане до 1 мај. Во овој период сите ќе можеме да си го подобриме здравјето и да ја зголемиме енергијата.

Ќе имаме многу сила и мотив во љубовта и работата. Ќе бидеме мотивирани и полни со ентузијазам.

11-ти април – Меркур влегува во Бик

Учте еден поволен транзит. Меркур е планета на која и одговара кога е во знакот Бик, но астролозите забележуваат дека има некои помали предизвици, најчесто околу патувањата. Од друга страна, луѓето конечно ќе станат поотворени.

Овој аспект отвора можност за нови деловни договори и ќе ги олесни сите преговори. Градењето односи, меѓусебното запознавање и преговарањето ќе стане полесно.

21-ви април – Метеорски дожд Лириди

Лиридите се вториот најважен и најинтензивен метеорски дожд во 2022. Тие започнуваат на 16-ти, но својот врв ќе го достигнат на 21-ви и 22-ри. Секој ток има своја астролошка вредност, која зависи од соѕвездието во кое се појавуваат метеорите.

Лиридискиот радијант е е во соѕвездието Лира. Оваа констелација е поврзана со духовната и интелектуалната сфера. На овој ден, препорачуваат астролозите, треба да се занимавате со стекнување нови знаења и решавање на најважните проблеми.

Голем успех ги очекува сите оние кои се занимаваат со креативна работа.

29-ти април – Меркур влегува во Близнаци

Меркур пристигнува во знакот со кој што владее, практично во неговото седиште, каде што инаку се чувствува најдобро. Овој аспект ќе трае до 22-ри мај. Во овие три недели ќе имаме можност радикално да ги промениме нашите животи.

Овој ден ќе биде момент на моќ и покрај тоа што на 29-ти април Плутон ќе тргне ретроградно. Тој нема да има доволно сила да го засени Меркур и да не лиши од среќа.

Од друга страна, овој ден и официјално ќе го заврши најповолниот астролошки период во 2022-ра година без ретроградни планети.