Недостатокот на ОВОЈ ВИТАМИН е поврзан со три пати поголем ризик од смрт, можеби ви се заканува СЕРИОЗНА болест

popara29 март, 20221min00
demencija-1

Ниското ниво на овој витамин ги зголемува шансите за деменција за дури 68 проценти

Истражувачи од Соединетите Американски Држави и Израел спроведоа истражување за тоа како ниското ниво на фолати во телото влијае на здравјето.

Резултатите од студијата покажаа дека нивото на фолати се намалува со возраста, но и дека недостатокот ги нарушува когнитивните функции и нервните сигнали во мозокот, зголемувајќи го ризикот од деменција и смрт.

Истражувачите ги анализирале здравствените досиеја на 27.188 луѓе на возраст од 60 до 75 години кои претходно не боледувале од деменција. Во текот на студијата им било проверувано нивото на фолати во крвта. Нивната состојба била следена од јануари 2013 до октомври 2017 година за да се утврди дали ќе развијат деменција. Дефицит на фолати е забележан кај 3418 испитаници.

Околу 13 проценти од учесниците (3.418 луѓе) имале нивоа на фолати под 4,4 нанограми на милилитар, што укажува на недостаток. Кај лицата со недоволна фолна киселина во крвта, стапката на деменција била 3,4 проценти. Откако ги разгледале несаканите ефекти како што се дијабетес, недостаток на витамин Б12, когнитивни функции и депресија, истражувачите го поврзале недостатокот на фолати со 68 отсто поголем ризик од развој на деменција.

Учесниците во студијата кои покажале дефицит на фолати имале три пати поголем ризик од смрт од која било причина. Докторот на науки Анат Ротштајн, која била и главен автор на студијата, зборуваше за важноста на овој труд.

– Оваа студија е важна затоа што критички ја карактеризира врската помеѓу широко користениот и лесен за мерење биомаркер серумски фолат (витамин Б9 во крвта) и ризикот од деменција и смртност од сите причини. Тоа е прва студија за серумските фолати и ризикот од деменција која зема предвид два клучни методолошки артефакти: смртноста ја исклучува деменцијата и обратната каузалност, вели таа.