НАЈГОЛЕМ БЛАГОСЛОВ! Позната манекенка сподели фотографија со својата ЌЕРКА! (ФОТО)

popara29 март, 20221min00
Screenshot_6

Познатата манекенка Наоми Кембел објави фотографија со својата ќерка

 

 

– Првиот британски ден на мајката. Најголем божји благослов – напиша таа и додаде емотикони дека е благословена и благодарна.

 

На првата фотографија супермоделот позира со ќерката во раце, додека на втората со девојчето е нејзината мајка Валерија Морис. Таа објави и стара заедничка фотографија со нејзината мајка.

 

Објавата беше придружена со многу емотивна порака, а вие може да ја погледнете ТУКА.

 

– Прекрасен, мал благослов ме избра мене да бидам нејзина мајка. Многу ми е чест што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови со кои може да се опише односот што сега го делам со мојот ангел. Нема поголема љубов од оваа – напиша таа.

 

Многумина се сомневаа во фактот дека Наоми воопшто родила дете, па популарната манекенка во едно интервју истакнала дека нејзината ќерка не е посвоена.

 

– Не е посвоена. Тоа е мое дете – истакна Наоми.