На нивната среќа и нема крај…
Познатиот актер Алек Болдвин и неговата сопруга Хилари го очекуваат седмото заедничко дете.
Среќната вест Хиларија ја потврди на Инстаграм каде објави видео на кое таа и Алек си играат со нивните деца со порака:
– По многу подеми и падови во изминатите неколку години имаме возбуда и големо изненадување, оваа есен доаѓа уште еден Болдвинито. Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно, но бевме и повеќе од среќни со ова изненадување. Го споделувам со вас моментот кога им кажавме на децата, како што можете да видите, тие се многу возбудени – напиша Хиларија.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Парот проговори за среќната вест и за „People“,каде истакнаа дека едвај чекаат да се роди детето.
– Едно од најубавите работи што ги доживеале моите деца со големото семејство е како расте љубовта со секој нов член на семејството. Нашиот капацитет за љубов продолжува да се проширува и едвај чекаме да го прегрнеме нашето ново бебе оваа есен – додадоа тие.