На чекор до Европа: Интересни факти за африканската земја Мароко во која е непристојно да се зема храна со левата рака!

popara31 март, 20221min00
62278155-marakes-maroko

Можеби е во Африка, но од Гибралтарот буквално ја газите! Во последниве години, оваа земја беше популарна туристичка дестинација, па време е да дознаете повеќе за неа отколку што знаете сега!

1. Мароко е оддалечено само 13 километри од Европа, што нашите познати пливачи на Охридското езеро веројатно би го испливале како од шега.

2. Бојата на жалоста е бела, па вдовиците носат бело 40 дена по смртта на нивните сопрузи.

3. Овде се смета за непристојно да се зема храна со лева рака, а месото да се одбие ако се понуди.

4. Мароко има само еден пријавен стоматолог на 8.000 жители, а најчест третман е вадењето заби, кое може да се направи илегално без никакви проблеми.

5. Најголемиот светски изведувач на сардини е оваа земја.

6. Џамија Хасан II. во Казабланка е седмата по големина џамија во светот, а за пет години, на изградбата работеле повеќе од 30.000 луѓе.

7. Црниот дроб, а не срцето, се смета за симбол на љубовта во Мароко.

8. Еден од зборовите за пари е „wusakh d-dunya“ што во превод би значело „нечистотија на светот“.

9. Мароко е единствената африканска земја која не е членка на „Африканската унија“.

10. Најпопуларен спорт е фудбалот, а националниот тим го носи прекарот „Лавовите на атласот“.

11. Во Маракеш, често наречен Црвен град, потребна ви е постојана заштита од сонцето, дури и во зима.

12. Националното јадење се нарекува „сексу“, па ако некој ве праша дали сте за, не треба да се плашите, да мислите на нешто друго и да одбиете вкусна храна.

Додека сте во Мароко, дефинитивно не одбивајте храна бидејќи ќе пропуштите гастрономско задоволство како никаде на овој континент. Доколку сакате да пробате некои од нивните традиционални јадења како таџине, кускус или јагнешки колбаси, не мора да одите далеку за сите потребни намирници, туку само до блискиот Лидл.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma