Мајли Сајрус објави дека е позитивна на Ковид: „Не ми е жал, вредеше“

popara3 април, 20221min00
Screenshot_12

Пејачката Мајли Сајрус неодамна одржа турнеја по паузата

 

 

Мајли Сајрус објави дека е позитивна на корона вирусот.

 

Пејачката верува дека вирусот го добила за време на неодамнешната турнеја низ Јужна Америка, прва во последните седум години – настапи на фестивалот Лолапалуза во Аргентина, Чиле и Бразил, како и на концерт во арената во Богота, Колумбија.

 

Мајли објави твит во кој им порача на фановите дека е позитивна на вирусот, но дека не жали за турнејата:

 

– Патувајќи низ светот, пеејќи за 100.000 луѓе навечер и запознавајќи стотици обожаватели дневно, шансите да заболите од Ковид се доста големи. Сега имам ковид, но дефинитивно вредеше – напиша Мајли.

Во продолжение на твитот, Сајрус објасни дека како резултат на нејзиниот позитивен тест за вирусот, била принудена да го повлече закажаниот настап на денешниот настан на Janie’s Fund.