ПОВТОРНО ЌЕ ЖИВЕЕТЕ И ЉУБИТЕ! Џенифер Лопез откри дека НИКОГАШ не се откажала од надежта и ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ! (ФОТО)

popara6 април, 20221min00
492309_ben04_f

Популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез минуваше низ тешки животни периоди, но секогаш имала надеж за подобро утре.

Иако животот на јавните личности на многумина им изгледа како бајка, тие поминуваат и низ многу животни предизвици.

Една од нив, која имаше подеми и падови, несомнено е Џенифер Лопез. Сепак, би се рекло дека таа е една од ретките луѓе која успешно ги задржала приватните проблеми за себе, без да покаже колку навистина и е тешко.

Што и да и се случило во животот, таа стоечки трпела, а најмногу сила црпела од семејството, особено децата.

Таа неодамна откри колку музиката е важна како дел од нејзиниот живот кога на својот Инстаграм објави невидени фотографии од снимањето на песната „Dance again“. Всушност, токму оваа песна, која ја сними пред 10 години, ја потсетила за она што пеела во неа, дека повторно ќе живее и ќе сака:

Screenshot 2022-04-06 193307
Screenshot 2022-04-06 193323
Screenshot 2022-04-06 193340

– Секогаш запомнете, повторно ќе живеете, љубите и танцувате. Кога ја снимив оваа песна, бев на место каде што требаше да се потсетам на овие работи и таа стана една од моите омилени песни и уште поважно, мојата химна никогаш да не се откажувам од надежта и вистинската љубов – напиша Џенифер со фотографиите.

Целата објава може да ја погледнете ОВДЕ.