Заборавете на КОРЕКТОРОТ: Еве како да ги сокриете темните кругови под очите со помош на ЦРВЕН КАРМИН

6 април, 20220
3568_shutterstock-1915494460_f

Изгледа лудо, но делува. Познатите шминкери се колнат во овој трик и велат дека функционира

Многу жени имаат проблем со темните кругови околу очите кои не можат да се сокријат со обична пудра, дури ни со помош на коректор.

Доколку спаѓате во оваа група и веќе сте ги испробале сите методи на покривање, а ништо не вродило со плод, можеби овој трик ќе ви помогне.

Темните кругови се естетски проблем, а за успешно да ги покриете потребен ви е црвен кармин кој со лесен потег ќе го нанесете директно под окото.

Откако ќе го нанесете карминот под окото, лесно размачкајте го со прстот или сунѓерче. Внимавајте да не нанесете премногу кармин.

Откако ќе го направите сето ова, нанесете ја пудрата како што обично би правеле. Црвениот кармин дава добри резултати бидејќи црвената ги неутрализира виолетовите тонови под очите.

Во видеото подолу може да ја погледнете целата постапка:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi