Природна боја за ЈАЈЦА од ЦРВЕНА ЗЕЛКА: Ваква нијанса не можете да ја добиете ако фарбате со ВЕШТАЧКИ бои

popara6 април, 20221min00
24866_eggs-gfd30d3c64-1280-pixa_f

Ќе бидете воодушевени од нијансата

Тиркизната боја е најтешко да се добие, а доколку сте ги пробале сите начини за бојадисување јајца во оваа нијанса, но не сте успеале, време е да го испробате овој сосема природен начин на фарбање. Велигденските јајца можете да ги обоите со виолетова зелка и да добиете уникатна боја.

За 12 варени јајца ви требаат:

– главица црвена зелка

– 4 лажици алкохолен оцет

Подготовка:

Исечете ја црвената зелка. Во тенџере истурете 5 шолји вода и додадете ја сечканата зелка, па оставете ја да се крчка 30 до 45 минути. Оставете ја зелката целосно да се излади, а потоа извадете ја од водата. Додадете 4 лажици алкохолен оцет во водата во која се варела зелката и добивате боја за бојадисување на јајцата.

Јајцата се ставаат во длабоко тенџере или тава, важно е убаво да се распоредат, а потоа се прелива добиената боја. Извадете ги јајцата од бојата по еден час ако сакате посветла боја, а ако сакате силна тиркизна боја, тогаш оставете ги да отстојат во бојата 2 часа.

Јајцата треба да ги превртувате на другата страна на секои половина час за да биде изедначена бојата.