7 модели на долги здолништа кои ќе ја одбележат оваа пролет: Од елегантен до спортски стил

popara7 април, 20221min00
shutterstock742248229-830x0

Долгите здолништа често изгледаат привлечно, а речиси секогаш се во мода. Оваа пролет акцентот ќе биде ставен на интересните комбинации со ова парче облека.

Ќе ги придружува сите модни стилови, од спортски и секојдневни, до елегантен стајлинг.

Ви претставуваме седум модели на долги здолништа во кои ќе бидете забележани во наредните денови.

1. Плетено во комбинација со бело сако

Плетено долго здолниште во комбинација со бела тесна маичка и јакна е совршен избор за попладневна прошетка.

2. Во пастелни розови тонови со кожна јакна

Долго здолниште од лесен материјал во пастелно розова боја во комбинација со црна капа и црна кожна јакна ќе ви даде необична нота на софистицираност.

3. Змиски принт

Змиски принт на долго здолниште во комбинација со мала жолта чанта и бела кошула може да биде одличен избор за деловен состанок.

4. Елеганција во земјени тонови

Елегантно долго, плисирано здолниште во драп боја во комбинација со џемпер во посветла нијанса и бела кошула, надополнета со кафена чанта, ќе направи да се чувствувате како да сте на модната писта на улица.

5. Белата боја е секогаш во тренд

Белото долго здолниште од дискретна тантела е секогаш во тренд, а доколку го носите со кошула во светли бои ќе изгледа многу привлечно.

6. Црвено-црна елеганција

За свечена пригода или како дел од деловен стил, комбинирајте црно, долго, широко здолниште со големи црвени цветови, кои ќе ги комплетирате со црно здолниште и сандали, како и црвена мала чанта.

7. Ненадминат тексас

Долго необично тексас здолниште со бела маичка и патики може да биде вистинскиот избор за попладневно кафе со пријателите или патување во природа.