Семејството и пријателите на покојната Ејми Вајнхаус се собраа како би ја испартиле засекогаш.
Ејми е погребана на гробиштата Едгварбери, а на приватната церемонија присуствувале само роднините и блиските пријатели.
Поранешниот сопруг на Ејми, Блеик не бил на погребот, бидејќи не добил дозвола да го напушти затворот каде ја отслужува казната заради кражба.
За сега се знае дека на погребот биле и Марк Ронсон, продуцентот на поголемиот дел на песните на Ејми, како и нејзината блиска пријателка Кели Озборн, која на погребот дошла со трака во косата која беше карактеристична за Ејми.
Семејството било потресено и во шок. Нејзините родители со солзи во очите ја испратија засекогаш.
На гробот на Ејми биле оставени многу цвеќиња и лименки алкохол.