НИКАКО не користете ваков вид на маслиново масло: Експерт објасни кој вид не е здрав и може да биде ОПАСЕН!

popara10 април, 20221min00
295_shutterstock-1923272036_f

Авторот на бестселерот за исхрана, Макс Лугавере, во една емисија зборуваше за маслиновото масло и за грешките кои повеќето луѓе ги прават кога го купуваат.

Иако маслиновото масло е многу здраво, не секое шише е исто, а ако го изберете погрешното, сте направиле голема штета на телото, но пред се – на мозокот.

– Често велам дека маслиновото масло е лек за мозокот. Тоа е составен дел од медитеранската исхрана, една од најздравите диети на планетата. Тоа е особено добро за мозокот и нервниот систем. Богато е со антиоксиданси, фитостероли и витамини, но тоа не важи за еден од неговите видови – изјави Лугавере.

Тој користи само екстра девствено, филтрирано маслиново масло, но ќе најдете и нефилтрирано во продавниците. И следејќи ја логиката – овошниот сок со пулпа е поздрав од бистар, цеден овошен сок, ќе згрешите.

– Нефилтрираното маслиново масло содржи остатоци од маслинки, што ја намалува температурата на неговото согорување и затоа не е добро за здравјето. Остатоците од маслинки го скратуваат и рокот на траење и го прават маслото порасипливо – објасни прво.

Нефилтрираното маслиново масло содржи повеќе вода, како и талог, и иако има висока содржина на полифенол, поради брзото распаѓање, мали се шансите да го искористите целосниот здравствен потенцијал.

– Исто така, бидејќи брзо се расипува и гори побрзо од вообичаено, во никој случај не е добра опција за готвење и пржење – рече тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma