
Познатиот рапер Канје Вест бара терапија и институција која би му помогнала да стане подобар маж и подобар татко, пишува Page Six.
Според изворот, раперот има цел тим кој работи на наоѓање на вистинската терапија на вистинското место.
Канје бара луксузни места, а досега се предвидени институции во Аризона, Америка и Тајланд и Бали. Инаку, познато е дека Вест со години се бори со биполарното растројство, кое е многу тешко да се држи под контрола без земање соодветни лекови.
Откако наводно некое време не ги испил, раперот повторно почнал да зема терапија, а престојот во институција која се занимава со бихејвиорална терапија е чекор понатаму во борбата со болеста.
Зад Канје е тежок период кој не само што беше предизвик за него туку и за сите околу него.
Во средината на февруари оваа година тој раскина со Џулија Фокс, и веднаш почна да и се додворува на поранешната сопруга Ким Кардашијан. Тој на социјалните мрежи ги малтретирал Ким и нејзиното момче Пит Дејвидсон.
Инстаграм го блокираше поради навреди, му беше забранет настап на Греми наградите, а го откажа и настапот на фестивалот Коачела поради расправија со пејачката Били Ајлиш.