Како да одржите успешна емотивна врска: Изјаснете се за своите потреби јасно и без воздржување

popara12 април, 20221min00
ljubav-zaljubljen-par-devojka-mladic-osmeh-osmesi-srecna-veza-830x0 (3)

За да изградиме, одржуваме и задржиме доверба во емотивната врска, неопходно е отворено и без воздржување да ги изразиме сите наши потреби.

Довербата е прашање од највисок приоритет во односите и треба да подразбира слобода секогаш да го кажуваме и бараме она што го сакаме од партнерот во тој момент. Тоа ни овозможува да се чувствуваме доволно сигурни за да чекориме кон поголема ранливост и повисоко ниво на поврзаност со нашиот партнер.

Експертите за врски тврдат дека постојат три работи кои треба директно да ги побарате од партнерот и за кои отворено треба да разговарате.

1. Сигурност

Кажете му на вашиот партнер дека ви треба сигурност во вашата врска. Кажете му колку ви е важно да се држите до зборот што сте си го дале еден на друг, не само во изјавите туку и во делата.

Тоа ви помага да му верувате и да се потпрете на него. Можеби понекогаш ќе треба да разјасните попрецизно во кои области од врската сметате дека немате сигурност. Бидете директни, но избегнувајте да звучите премногу критично.

2. Пристапност

Примарната потреба во врската е да чувствувате дека вашиот партнер ве слуша и ве гледа. Кога нашите партнери се емотивно пристапни и одговорни, доживуваме дека нè разбираат. Ако има емоционални блокади и ѕидови кои спречуваат подлабока врска, ќе се чувствувате несигурни.

За да избегнете такви ситуации, вежбајте да бидете мирни и јасни. Издигнете се над гневот и одбранбениот став. Пристапете му на вашиот партнер, објаснувајќи ги вашите подлабоки емоции и реални потреби многу отворено.

3. Заеднички ангажман

На почетокот на врската, луѓето се трудат да бидат во хармонија едни со други. Преокупирани сме со заљубување во партнер. Со текот на времето, тоа чувство стивнува и лесно можеме да станеме помалку присутни, а технологијата помага. Паметните телефони, телевизори и други уреди лесно ќе ни го одвлечат вниманието од впуштање во романтична врска.

Секогаш кога ќе искажеме одредена потреба или бараме да ни се исполни, мора да бидеме и подготвени да возвратиме. Ако од партнерот барате нешто што не сте спремни да го дадете за возврат, создавате двојни стандарди. Ако сакате партнерот да го остави телефонот за да разговарате, тогаш и вие оставете го мобилниот