Седум совети кои треба да ги прочита секој турист пред да отпатува во Њујорк

popara12 април, 20221min00
61894490-bruklinski-most-new-york (1)

Ретко се случува Њујорк да не е на листата на градови кои вреди да се посетат до крајот на животот. Иако, по правило, не сме патувале толку далеку во последните неколку години, сигурни сме дека наскоро доаѓаат подобри и посреќни времиња за сите оние кои не можат да стојат во место. Дотогаш, фантазирајте што ќе правите во Големото јаболко и слушајте ги корисни совети објавени на thepointsguy.com и избегнувајте ги следните грешки што ги прави речиси секој турист во Њујорк.

1. Не се движите доволно брзо

Доколку не сте знаеле, темпото на живот овде е такво што њујорчаните секогаш брзаат, а Њујорк е познат и како град кој никогаш не спие. Затоа, побрзајте малку и вие, ќе ви треба време да ги видите сите знаменитости и не трошете драгоцено време правејќи селфиња пред сосема неважни згради.

2. Очекувате познати личности на секој чекор

Нема шанси – градот е преголем и всушност мали се шансите да сретнете некој познат на улица. Се знае каде одат познатите и кои места се само за високата класа.

3. Секаде одите со такси

Пешачењето е прекрасно, пешачењето е здраво, а градот најдобро се разгледува – со пешачење. Сепак, со оглед на големината на градот, невозможно е да се движите пеш. Но, имајте го на ум големиот сообраќаен метеж, па најдобро решение кога сакате да стигнете од едниот до другиот крај на градот е – метрото.

4. Очекувате живот како во серијата „Сексот и градот“

Немојте да претпоставувате дека Њујорчаните главно живеат во големи станови со огромни гардероби, ручаат надвор секој ден и купуваат чевли Маноло Бланик. Секако, има некои, но во најголем дел животот е реален, а не она што го гледате кај Кери Бредшо.

5. Останувате на Тајмс Сквер повеќе од 30 секунди

Верувајте ни, 30 секунди се повеќе од доволни. Сите тие реклами и сите капи се интересни, но гужвата е неподнослива, а градот нуди грст други атракции на кои е подобро да се потроши време…

6. Одите некаде затоа што местото изгледа кул на Инстаграм

Одењето на такво место веројатно ќе ве чини вистинско богатство, а секако на Инстаграм со море од филтри се изгледа многу подобро, па се плашиме за вашето потенцијално разочарување. Најдете некои други места бидејќи добар дел од туристите и онака ќе брзаат на некоја позната локација од Инстаграм.

7. Го бирате најблискиот ресторан за ручек/вечера

Дојдовте во Њујорк, град чија гастрономска понуда е неверојатна, а од сите чуда, целата интернационална кујна – седнавте во најблискиот ресторан. Не правете го тоа, барем денес е лесно да најдете добра препорака за ресторани на Google, а особено, ве молиме – не одете во синџир на ресторани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma