
Исчистете го кујнскиот вентилатор или аспиратор без мака и проблеми со овој трик
Не секогаш ви се потребни многу скапи средства за чистење за да го исчистите домот. Во повеќето случаи, доволно е само да погледнете наоколу. Еве список на работи со кои дефинитивно ќе можете да го исчистите аспираторот:
вода,
оцет,
крпа од микрофибер,
сунѓер за перење,
распрскувач,
хартиена крпа

Измешајте вода и оцет (сооднос 50:50), а потоа истурете го растворот во шише со распрскувач. Отстранете ја решетката на филтерот од аспираторот. Обично е прицврстена со две копчиња, така што отстранувањето не треба да трае долго.
Оцетот е одличен апсорбер на маснотии и нечистотија. Испрскајте го растворот со вода и оцет по целата мрежа, оставете да отстои околу 15 минути. Откако ќе истече ова време, истријте ја решетката со крпа или сунѓер, собирајќи ги остатоците со хартиена крпа.