
Новата техника на боење јајца со сода бикарбона целосно ќе ве полуди.
Досега сте додавале сода бикарбона во водата при варење јајца, за да не пукнат. Исто така, многу домаќинки ја користат кога прават природни средства за чистење на домот. Сега со содата ги добивате најубавите велигденски јајца кои ќе ја красат празничната трпеза. Заборавете на се што сте користеле досега, оваа техника ќе ве полуди.
Состојки:
– 10 варени јајца
– бои по желба
– топла вода
– по 4 лажици сода бикарбона за секоја боја
– 3-4 лажички боја за 1 јајце
– оцет
– масло
Подготовка:
Во секој сад ставете по четири лажици сода и измешајте со малку вода, треба да биде густа смеса. Тубите со боја (не отворајте) ставете ги во чаша и прелијте ги со врела вода. Оставете ги малку да отстојат, а потоа ставете во садовите каде што е сода бикарбоната. Добро промешајте. Сварете ги и исушете ги јајцата, па ставете ги во калап за мафини. Секое јајце прелијте го со лажица различни бои (направете комбинации по желба), а потоа прелијте со лажица оцет. Оставете 15 минути, а потоа извадете ги јајцата и избришете ги со крпа.