
Една корисничка на TikTok се пожалила дека перниците на нејзиниот сопруг се секогаш жолти, без разлика што ги пере секоја недела, па побарала совет како да им ја врати белината.
Одговорот го добила од познатата госпоѓа Хинч, „кралицата на чистењето“, која ѝ напишала дека тајната на чисто бели перници лежи во таблетите за миење садови.
Сѐ што треба да направите е да ставите таблета или капсула за миење садови во барабанот на машината за перење, со сето она што вообичаено го користите за перење, и толку.
Многубројни корисници се согласиле дека ова е трик кој навистина помага, а една корисничка напишала дека перниците најверојатно сепак ќе пожолтат поради маслото или хидратантната крема што ја користи нејзиниот сопруг, па треба да внимава и на тоа.
„Тоа е поради себум што го лачи кожата, а нормалното перење не ги отстранува сите тие маснотии од навлаката за перница“, додаде таа.
Некои корисници на оваа социјална мрежа напишаа дека кристалите од сода може да се користат и за белење, а дека е најдобро да се остават перниците да се исушат надвор на сонце.