
На сите љубители на филмот „Ice Age“ им е добро познато дека машката верверица Скрат во секој филм се труди да стигне до желадот, но не успева. Конечно успеал во својот план, во видеото објавено од поранешната филмска компанија Blue Sky Studios.
Компанијата пред неколку дена официјално престана со работа, а во тој дел го најави среќниот крај на анимираниот филм кој со задоволство го гледаа децата, но и возрасните и симболично го нарече „The End“.
– Мала екипа уметници се собра да го направи ова видео. На овој начин се збогуваме со нашите драги гледачи – напишаа тие.
Студиото Blue Sky во април минатата година објави дека ќе се „затвори“ поради лошиот бизнис предизвикан од пандемијата на корона вирусот.
Нивниот режисер тогаш изјави дека Скрат станал нивна маскота и дека дефинитивно влегол во историјата на кинематографијата.
– За жал, се што е убаво има крај. Се надевам дека успеавме да ве израдуваме. Ви благодарам од се срце што бевте со нас сите овие години – рече тој.
Потсетуваме дека првиот дел од франшизата „Ice Age“ е објавен во 2002 година. Ги опишува авантурите на цицачите кои се обидуваат да го преживеат почетокот на леденото доба. „Ice Age“ има пет продолженија: „The Meltdown“ (2006), „Dawn of The Dinosaurs“ (2009), „Continental Drift“ (2012), „Collision Course“ (2016) и „The Ice Age Adventures of Buck Wild“ ( 2022 година).