Готика на другата страна на Алпите
Филигрански елементи вметнати во кулите и помалите кули, нагласени арки и агли, галерија и склуптури – сето ова го одликува белиот мермер на раскошната катедрала во Милано, која после црквата Свети Петар во Рим, претставува втора по големина црква на светот. Четириесет илјади луѓе можат да застанат на 148 метри долгата површина која ја има црквата односно на 11.700 метри квадратни. Оваа црква е готово два пати поголема од Катедралата во Келн. Базиликата во форма на крст била градена со готски елементи; претставува најголема готска градба јужно од Алпите.
Jacob Burckhardt оваа градба ја нарекол “судбоносен компромис меѓу италианскиот начин на компонирање и распламтен жар со раскошни нордиски детали“.
Првичната идеа за оваа градба беше од страна на војводата на коњаницата на Милано, Giovanni Galeaco Visconti. За многу кратко време, со своето лукавство и моќ го освоил престолот, наредил да се направи нацрт за една голема црква, а на 15 март 1386 година бил поставен камен темелникот. Покрај градежници од Италија, имал и советници од Франција и Германија. Дури после 150 години, по почетокот на изградбата, биле завршени куполите. После 60 години се изградиле гробницата, мермерниот под. Фасадата била завршена во почетокот на 19 век. За изградбата на кулата над куполата огромно влијание имал Napoleon. Во знам на благодарност била извајана неговата глава и поставена на еден од вкупно 2.300 склуптури на надворешната фонтана.
Во очите на жителите, куполата претставувала мала замена за вистинската камбанарија. Сметале дека на ваква црква и недостига прикладна камбанарија. Во 1938 година архитектот Viko Vigano направил проект, во кој се предвидувало изградба на кула во готски стил, со висина од 164 метри, требало да биде најголемата црквена кула на светот, односно за 3 метри повисока од кулата на Соборната црква во Минстерн. “Со својот концепт и димензиите, кулата ќе биде достојна за Милано“, беше објавена вест во весникот Korijere dela sera. Не се ни размислуваше дека кулата може да се користи за верски потреби.
Musolini, на кого Vigano го предложил својот проект, сакал да биде највеличествениот споменик на фашистичка Италија. Внатрешниот простор го замислувал преполн со мозаици од борбите, победнички склуптури, кула како “олтар на татковината“ која требало да претставува галерија на познатите личности од Милано. Проектот, требало да се заврши до 1942 година.
Поради воените услови овој голем проект не се остварил. Била изградена кула, која е висока 40 метри повеќе од највисоката кула (68 метри) на црквата, на чиј што врв се наоѓа позлатена склуптура на Мајка Богородица. Жителите на Милано веднаш ја нарекле “Madonina”, мала Madona. До највиската галерија на кулата можете да се качите, но потребно е да искачите 370 скалила од црквениот плоштад до врвот.
Во 1858 година, поголемиот дел од раскошната црква била довршена. Но, за елементите кои што недостигале не се брзало. Во 1906 година Ludovik Paljijagi направил нацрт за првата врата. Во 1948 година и 1950 година биле поставени уште две врати, а последната се довршила дури во 1965 година.
Вајарот Lucano Minguci од Болоња, предложил црквената врата да се подели на дванаесет полиња. Секое поле да претставува едно случување од историјата, додека се градела црквата. Првата слика го симболизира миланскиот надбискуп Antonija de Saluca, како го чита писмото на Папата Urban VI.
После изгрдбата на последната врата било свечено објавено дека изградбата на Катедралата во Милано е завршена – после 579 години од нејзиниот почеток. “Ниту една христијанска црква, ниту еден пагански храм, ниту една џамија не може да се мери со преубавата Катедрала во Милано“, запишал Ernst Hese-Varteg.