Мостот на самовилите: Прошетка во облаците на мистичните планини кои им носат мир на планинарите кои ќе ги посетат!

popara26 април, 20221min00
62293926 (1)

Чудните форми на камења, необичните дрвја и густата магла на Хуанг Шан (Жолти планини) на југот од источната кинеска провинција Анхуи се едно од ремек-делата на природата кои изгледаат како да не се од нашата планета.

Хуанг Шан, една од светите планини на Кина, е позната по своите живописни пејзажи со уникатни гранитни врвови, Хуангшански борови и прекрасните облаци од кои штрчат.

Токму оваа убавина е овековечена во кинеската литература, сликарство и поезија. Меѓу многуте чуда во тој дел на Кина, се издвојува бајковитиот национален парк Хуангшан, еден од најпопуларните во земјата.

Доколку патот ве однесе до тој дел од светот, можете да го посетите и Буксиан, уникатен пешачки мост, долг помалку од еден метар, изграден меѓу две карпи. Изграден е во 1987 година и дава чувство дека се наоѓате на бајковито место. Иако е понова, бетонската структура има карактеристики на богато украсена традиционална кинеска архитектура. Импресивните огради се поврзани со делата на некои антички династии.

Често покриен со густа магла, го добил прекарот „Мостот на самовилите“ и прави прекрасен украс на овој мистичен регион што го нема никаде на друго место во светот. Како изгледаат мостот и националниот парк можете да погледнете во нашата фотогалерија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag