
Нетфликс, во обид да ги намали трошоците, се откажа од емитување на анимираната серија Pearl, креирана од Меган Маркл, јавува BBC.
Иако уште во есента 2020 година, Нетфликс, откако Меган Маркл и принцот Хари отворија сопствена продуцентска куќа Archewell, најавија голема соработка со нив и дадоа 100 милиони долари, денес дефинитивно се откажа.
Минатиот месец, компанијата откри ненадеен пад на претплатниците и предупреди дека милиони други ќе ја напуштат услугата, што ја намали пазарната вредност на компанијата за повеќе од 50 милијарди долари.
Продуцентската куќа на Меган и Хари во 2021 година објави дека Маркл ќе биде извршен продуцент на анимираната серија.
Планирано беше серијата да се фокусира на авантурите на дванаесетгодишното девојче, кое е инспирирано од влијателни жени од историјата.
Нетфликс, сепак, потврди дека ќе продолжи да работи на голем број проекти со таа продукција, вклучително и една документарна серија, која ќе се фокусира на спортистите кои се натпреваруваат на Игрите за повредени ветерани Invictus, настан основан од принцот Хари во Хаг во 2022. година.