
Кети Пери сака да експериментира
Судијката на американскиот идол Кети Пери падна од столот во програмата во живо во неделата навечер.
Големата музичка ѕвезда беше облечена како Ариел од цртаниот филм „Малата сирена“, па перките веројатно влијаеле да ја изгуби рамнотежата и да се преврти од столот на подот.
Додека водителот Рајан Сикрест сакаше да го претстави настапот, слушна силен тресок и камерите брзо се префрлија за да снимат што се случило.
Останатите членови на жирито веднаш ѝ помогнаа да стане, што не би било лесно поради костимот што го носеше, а кој верно ја отсликува познатата хероина на Дизни. За среќа, Кети не беше повредена и брзо продолжи со снимањето на шоуто.
А ТУКА погледнете како изгледаше сето тоа