
Амбер Херд ќе глуми помалку од 10 минути во Аквамен 2.
Одлуката ја донеле продуцентите откако била покрената петицијата за да ја исфрлат од актерската екипа, објави филмската критичарка Грејс Рендолф.
Петицијата ја потпишале повеќе од два милиони луѓе. Таа во првиот дел ја играше принцезата Меру. Џин Ларсон, која ја покрена петицијата, рече дека Амбер била насилник и дека откажувањето на нејзиното појавување во Аквамен 2 ќе спречи нејзината „злоупотреба да биде прославена“.
Да потсетиме, актерката беше тужена за клевета од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, а оваа недела на суд изјави дека била шокирана кога слушнала за обидот да се откаже неговото учество на снимањето на петтото продолжение на „Пиратите од Карибите“. Во една статија за The Washington Post, во која таа директно не го именувала, изјавила дека била жртва на злоупотреба.
„Деп изјави дека двапати го удрила во главата и го погодила со шише вотка, по што го загубил горниот дел од прстот. Тие лузни ќе ги има засекогаш. Исто така, Херд во 2009 година била уапсена поради злоупотреба на нејзината поранешна партнерка Тасја Комб Ри“, рече Ларсон.
Таа додаде дека и мажите можат да бидат жртви на семејно малтретирање и смета дека овој проблем мора сериозно да се сфати и дека треба да се преземат мерки за да се спречи насилниците да продолжат да бидат во шоубизнисот.