
Во 1990-тите, сите девојки носеа мрежа или сатенска лента околу вратот, таканаречен чокер.
Пред неколку години овој тренд се врати во малку изменета форма, па се појавија овие слатки ланчиња со привезоци.

Ова парче накит и годинава го доживува своето враќање во малку изменета форма.
На неколку овогодишни ревии беа забележани бисерни чокери со привезоци и слични парчиња накит, а инфлуенсерите се пофалија на своите Инстаграм профили.

Овогодинешните модели од бисери, метал, циркони, камења, полускапоцени камења или со привезоци, ќе бидат главното парче за секојдневните, но и поформални комбинации во зависност од моделот.
Станува збор за урбан, младешки стил кој одговара апсолутно на сите и привлекува внимание.