Кулата на Херкулес: Знаете ли каде се наоѓа најстариот светилник на светот кој се уште работи?

popara6 мај, 20222min00
62300436

Најстариот светилник во светот бил изграден во Александрија, приближно 300 години п.н.е. Огнот од запалени дрва и смола ноќе се ширел од горната платформа, а преку ден за сигнализација се користело големо огледало. Светлината наводно била видлива на растојание од 47 километри. Силните земјотреси го уништиле светилникот, а некои од остатоците биле пронајдени во морето дури на крајот на 20 век.

Но, најстариот постоечки светилник во светот кој сè уште работи е кулата на Херкулес која го означува влезот во шпанското пристаниште Ла Коруња. Torre de Hércules беше признат и од УНЕСКО, кој го запиша на списокот на светско наследство.

Гордоста на Шпанија е висока 55 метри и нуди прекрасен поглед на северноатлантскиот брег. До 20 век, светилникот бил познат како Farum Brigantium, а латинското име потсетувало на познатиот старогрчки светилник на островот Фарос.

„Старецот“ со римски корени бил изграден во првиот век, а во 1791 година бил целосно реновиран. Оригиналната кула била нешто пократка и поширока, а се верува дека куполата била на врвот. Иако се верува дека светилникот го изградиле Феничаните, сигурно е дека го обновил римскиот император Трајан. Наводно е посветен на римскиот бог на војната, Марс. Околу светилникот е парк со скулптури од скулпторите Пабло Серано и Франциско Леиро.

Бројни приказни се вртат околу светилникот, вклучувајќи го и митот за Херкулес кој ја закопал главата на Герион, монструозен џин со три тела и шест крила, токму таму. Откако го направил тоа, наредил да се изгради град на тоа место, а вкрстените коски и черепи во подножјето на светилникот што може да се видат на грбот на градот го претставуваат токму поразот на неговиот непријател.

Светилникот е сè уште отворен, а посетителите можат да го обиколат подрумот и да се искачат по 234 скалила до врвот и да уживаат во глетката, освен во случај на лошо време кога е затворен.