На кое треба да се спуштите, лево или десно? Зошто мажите клечат на едно колено кога ја запросуваат девојката

popara6 мај, 20221min00
prosidba

Оваа традиција постои уште од античко време, а еве што носи

Запросувањето е еден од најважните настани во животот на парот, кој секако сакате да ви остане во убаво сеќавање.

Мажите генерално обрнуваат внимание на сите детали: од изборот на соодветниот прстен, до други важни детали. Освен тоа, експертите сметаат дека е важно на кое колено ќе клекнете кога сакате да ја запросите девојката.

Спуштајќи се на едно колено, мажот покажува ниво на почит кон својата идна сопруга. На тој начин и вели дека ја почитува, вели експертот за организација на свадби Кеит Вилијард.

Не само што е вообичаено да се клекне на едно колено, туку многу мажи тоа го прават со левата нога. Кутијата со прстенот треба да биде во левата рака, а со десната да се отвори додека се поставува судбоносното прашање.

Зошто на левото колено?

Според Кеит Вилијард, повеќето мажи клечат на левото колено бидејќи се десничари, па така им е попогодно да ја држат кутијата со прстенот.

– Спуштањето на левото колено му овозможува на мажот да ја заземе правилната положба и лесно да ја отвори кутијата – вели тој и нагласува дека може да се направи запросувањето и со спуштање на мажот на десното колено.

– Само затоа што спуштањето на левото колено е некако вообичаено, не значи дека обратно е погрешно. Вашата идна свршеница веројатно нема ни да забележи на кое колено сте клекнале – објаснува тој.

Зошто запросувањето се случува на едно колено?

Кит верува дека оваа традиција датира од средниот век, кога витезите на овој начин им се поклонувале на благородничките. Клекнувањето на едно колено исто така било дел од протоколот во многу церемонијални ритуали, вклучувајќи ги и оние од романтична природа.

Средновековните уметнички и литературни дела ја поддржуваат оваа теорија бидејќи прикажуваат витези како се поклонуваат пред владетелите во чест и почит или клекнуваат пред благородничка на едно колено за да ја покажат својата подготвеност за вечна служба и восхит.

– Со спуштањето на едното колено, мажот го покажува нивото на почит кон својата идна сопруга – заклучил тој.