
Брукс беше откриена на Инстаграм во 2016 година, а од тогаш нејзината кариера се развива со молскавична брзина
Брукс Најдер е видена на плажата во Мајами како ужива на сонцето со својот сопруг.
Оваа дваесет и петгодишна убавица ги покажа своите облини во оскудно златно бикини кое едвај и ги покриваше градите.

Со марама во леопард дезен, Брукс ја покри нејзината позадина, но фотографиите го открија долниот дел од бикинито и нејзините затегнати нозе.
Брукс е жив доказ дека модел на костими за капење може да има тело со прекрасни облини! Тоа во нејзиниот случај многу се цени со оглед на тоа што е една од подобро платените модели на магазинот „Sports Ilustrated“.

Брукс е во брак со Били Хејром, кој некогаш работел за „Sport Illustrated“, како менаџер за продажба, а сега е вработен на платформата за дигитални медиуми Maven.
Двојката цел ден уживала на плажа разменувајќи нежности.