Експертите ПРЕДУПРЕДУВААТ: НЕ НОСЕТЕ ваков тип на градник ако имате над 50 години

popara6 мај, 20221min00
grudnjak

Најважно е да најдете модел кој ви одговара

Телото се менува со годините, па мораме да ја прилагодиме нашата гардероба.

Сигурно е дека со години не можете да носите иста големина и тип на градник.

Колку и да се чувствувате добро во вашата кожа, има некои работи на кои треба да внимавате: со годините се менува вашиот стил, начинот на шминкање, фризурата, но и облеката.

И што е најважно, не се работи само за мода, туку и за удобност.

Сите се стремиме да го најдеме вистинскиот баланс помеѓу удобноста и добриот стил, а Дејна Донфри, која создаде линија за долна облека за да ги поттикне жените да го носат она што им одговара, советува дека треба да избегнувате еден тип на градник по 50-тата година од животот.

– Многу жени ќе доживеат промени во своето тело за време и по менопаузата. Некои од овие промени може значително да влијаат на обликот, нежноста и исполнетоста на вашите гради. Можеби ви се допаѓале полни корпи или градници со жица, но на одредена возраст удобноста може да биде доста проблематична – вели таа и истакнува дека најдобро е жените после 50-тата година да избираат длабоки корпи без полнење.

Таа истакна дека по 50-тата година треба да се избегнуваат градници со подигнување бидејќи можат да ги „стиснат“ градите и да создадат збрчкано деколте.