Неколку причини зошто вашиот сексуален живот е досаден

popara6 мај, 20221min00
Screenshot_11

Ако сте заедно толку долго што сте западнале во рутина, тогаш веројатно сте доволно долго заедно што нема потреба да се срамите да предложите нешто ново.

 

 

Го користите заморот како изговор

 

Во одреден момент од врската сексот престанува да ви биде приоритет и тоа е во ред. Но, во моментот кога тој ќе стане нешто што ве мрзи, тоа е моментот кога треба да промените нешто. Сите ние живееме ужасно брзи животи, во кои не само што 8 часа дневно ни одат на работа, туку времето лета поради „милионските“ обврски што треба да ги направиме пред и после него. Природно е да се вратиме дома и да гледаме во таванот или да заспиеме на половина филм, бидејќи времето кога би можеле да го жртвуваме сонот за секс е одамна поминато. Сепак, тогаш треба да најдеме друго време во кое ќе бидеме повнимателни и расположени. Нека биде среде ноќ кога веќе сте отпале една тура, или рано наутро штом ќе ги отворите очите или секогаш кога повеќе ви одговара, но не смеете да дозволите заморот да ви го намали либидото.

 

Можете да го предвидите секое движење на партнерот

 

Рутината е рутина, без разлика дали е на работа, во сексот или на некое друго поле од животот. Кога ќе почнете да го правите тоа механички, и кога ќе започнете и ќе го завршите сексот на ист начин, дефинитивно запаѓате во рутина. Среќен крај е среќен крај, но се брои сè што се случува помеѓу. Всушност, шармот е на средината. Направете нешто што вашиот партнер нема да го очекува, а тој сигурно ќе ви возврати. Променете го редоследот на позите, пробајте нови, прогуглајте ја и Кама Сутра ако е потребно – само не претворајте таква емотивна работа како сексот во механичко дејство.

 

Се срамите да пробате нешто ново

 

Има толку многу работи што можете да ги направите за да ја прекинете рутината, но вие сте засрамени и не знаете од каде да започнете. Играјте игра за соблекување. Напијте се нешто. Гледајте порно филм заедно („50 нијанси сиво“ и „365“ денови не се бројат). Купете лисици, вибратор… Што и да правите. Ако сте биле заедно толку долго што сте паднале во рутина, тогаш веројатно сте доволно долго заедно што нема потреба да се срамите да предложите нешто ново. На крајот на краиштата, довербата и почитта се основата на секоја врска, а најдобро се гледаат во сексуалните односи.