
Ријана поминала многу во текот на нејзината кариера. И сега може да се каже дека дојде време да се опушти и малку да ужива.
Популарната пејачка и нејзиното момче, познатиот рапер Асап Роки веќе подолго време се во среќна врска, а таа неодамна објави дека чекаат заедничко дете.
Нејзината напорна работа конечно се исплатеше. Пејачката конечно лансираше нова линија на долна облека, која ги руши сите табуа и стереотипи поврзани со бременоста. Таа привлече големо внимание и на неодамнешната прослава, Мет Галата.
И покрај се, медиумите неодамна шпекулираа дека нејзиното момче Асап Роки ја изневерил со модна дизајнерка. Меѓутоа, таа многу брзо ја демантираше веста и нагласи дека Ријана не сака да се занимава со тие наводи.
Asap Rocky and Rihanna are ENGAGED!!! pic.twitter.com/aH2eLyzMKc
— Fenty Cop (@FentyCop) May 5, 2022
После тоа, парот објави нова песна, која буквално им „затвори уста“ на сите кои кажуваа разни невистини за нивната врска. Во спотот раперот не само со снимките, туку и со текстот на песната на целиот свет му порача дека таа е жената на неговиот живот.
Ова конечно стави крај на сите шпекулации за неговата измама, нивните проблеми и раскинување.
Rocky: “Marry me?”
Rihanna: “I do.”
— Complex Music (@ComplexMusic) May 5, 2022
– Отпрвин мислев дека не е ништо … лошите девојки само сакаат да се забавуваат … – вели Асап Роки на почетокот на песната.
Во продолжение на песната, Асап ја фали Ријана и се што постигнала, има направено и за себе и за него и неговите пријатели.
Зборува и за тоа како се изгубил во слава и пари, се додека не ја нашол неа.