ЗЕМЈА БЕЗ ЗМИИ КАДЕ СИТЕ ПИЈАТ РУМ: 11 интересни факти за Јамајка кои е добро да ги знаете

popara11 мај, 20221min00
Screenshot_6

За многумина Јамајка е омилена туристичка дестинација и тоа не без причина

 

 

Кристофер Колумбо беше официјално првиот Европеец кој ја откри Јамајка во мај 1494 година.

 

 

Интересни факти за Јамајка

 

  1. Оваа карипска земја има население од околу 2.900.000 жители, главно со африканско потекло. Областа на островот е речиси 11.000 квадратни километри, што го прави трета по големина држава на Големите Антили.

 

  1. Пред да биде колонизирана, таа била населена со домородни племиња – Аравак и Таино, кои ѝ го дале името: Шамајка, што во превод од локалниот јазик значи „земја на дрвјата и водата“ или „земја на пролетта“.

 

  1. На петтиот ден од мај 1494 година, Кристофер Колумбо ја нашол Јамајка и ја прогласил за шпанска сопственост. По 150 години премина во рацете на Англичаните и стана првиот остров во оваа област каде се зборуваше англиски.

 

  1. Јамајка е позната како еден од најголемите извозници на манго, банани и шеќерна трска, но тие не се домашни култури, за разлика од популарните Ackee. Исто така, на овој тропски остров растат над 200 видови орхидеи.

 

  1. За да се ослободат од стаорците, мангусите биле донесени на островот во 1872 година. Освен стаорци, овие животни слични на мачки ги јаделе речиси сите змии, па сега речиси и да ги нема на островот, што ја прави Јамајка популарна туристичка дестинација.

 

  1. Како поранешна колонија, Јамајка е дел од Комонвелтот, а кралицата Елизабета Втора има свој гувернер во „земјата на дрвјата и водата“ – кој има протоколарна функција. Во 1962 година, Јамајка беше првата земја на Карибите која стекна независност.

 

  1. Од сите земји во светот, само Јамајка има знаме кое нема црвена, сина или бела боја.

 

  1. Националниот пијалок на Јамајка е рум.

 

  1. Ајм Флеминг ги напиша сите 14 продолженија за Џејмс Бонд на Јамајка. Јамајка инаку е препознатлива во светот по своите уметници, меѓу кои и познатиот Боб Марли. Малку познат факт е дека овој остров произведува најмногу музика по глава на жител.

 

  1. Најпопуларниот спорт на овој остров е крикетот, а островот е дом на еден од најбрзите луѓе во светот – Јусеин Болт. Друга интересна работа кога зборуваме за спортот е тоа што оваа островска држава има свој олимписки тим за боб.

 

  1. Според некои истражувања, Јамајканците се на врвот на листата на најсреќни луѓе во светот. Невообичаен, но многу убав факт е дека на овој остров се раѓаат голем број близнаци и тројки.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma