
Настапот на претставникот од Сан Марино беше многу необичен. Имено, и покрај необичниот наслов на песната „Stripper“, Ахил Лауро се обиде да ја шокира публиката со својот костим и изведба.
Еден од најшокантните моменти беше моментот кога пејачот бакна во уста член на неговиот бенд, а се беше комплетирано со промена на осветлувањето.

Песната што ја изведе е многу необична и во стилот на рок музиката, но повеќе внимание се посвети на изгледот на изведувачите и однесувањето на сцената.

Ахил е познат како учесник на фестивалот „Санремо“ каде досега учествувал 4 пати, а годинава го освои 14. место со песната „Доменика“, која предизвика полемика кај тамошната јавност.