Ана Винтур (72), жива легенда во светот на модата и децениска уредничка на магазинот „Вог“, ја обожаваат ширум светот, а е една од највлијателните, најбогатите и најпознатите луѓе на планетата.
Сепак, таа не е позната на сите, дури ни во Њујорк, главниот град на американската мода, каде што живее и работи со години.
Па така ѝ се случило на Ана пред театарот кога отишла да ја гледа претставата „Oh God, a Show About Abortion“, вработена ѝ побарала лична карта за да ја пушти да влезе.
Прославената Британка не криеше дека е во шок – збунето ја отвори устата и гестикулираше, а присутните велат дека во живо било уште понепријатно. Но, со помош на друга жена која стоела покрај влезот, била пуштена без да покаже документи.
Оваа ситуација многумина потсети на улогата на Мерил Стрип во филмот „Ѓаволот носи Прада“, кој беше инспириран од строгата и донекаде претенциозна Ана Винтур.