Англискиот музичар Едвард Кристофер Ширан (29), попознат како Ед Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн (28) станаа родители по втор пат.
Ширан стана татко на девојче, а името кое нејзините родители го избраа за малата наследничка се уште е непознато за јавноста.
Популарниот пејач кој се повлече од јавниот живот поради бременоста на сопругата, а која до неодамна вешто ја криеше од обожавателите, на Инстаграм објави фотографија од мали чорапи и напиша:
-Сакам да ве информирам дека добивме уште едно убаво девојче. И двајцата сме толку вљубени во неа. Сега сме четиричлено семејство – напиша тој.
Обожавателите му честитаа во коментарите под објавата, но и прашаа дали наскоро ќе се врати на сцената.