Се верува дека некои растенија можат да донесат среќа и богатство во домот, па многу заљубеници во фенг шуи ве советуваат да ги купите или да ги засадите.
Најдобрите растенија за богатство и изобилство
Африканска љубичица
Ова, како и другите растенија со тркалезни листови кои наликуваат на монети, се смета за симбол на пари и богатство и привлекува изобилство.
Дрвото на парите
Ова мало дрво најчесто се користи во фенг шуи за да привлече богатство и да поттикне акумулација на изобилство во домот.
Бонсаи
Се верува дека овие минијатурни дрвја, кои бараат малку внимание, се симбол на среќа и богатство.
Локација: Според багуа или па куа мапата, најдобро место за сместување на овие растенија е во југоисточниот дел од домот.