Еве што можете да направите
За почеток, како и секој пат кога зборуваме за нега на кожата и превенција од брчки – SPF. Заштитата од сонце можеби е последниот чекор во негата на кожата, но во никој случај не е ирелевантна. Затоа, кога излегуваме на сонце во топ или фустан со подлабоко деколте, „задолжителна“ е кремата со заштитен фактор.
Исто како кога го негуваме лицето наутро и навечер, таа нега треба да ја ’прошириме’ и на вратот и деколтето. Се препорачува повремена употреба на пилинг, а задолжителна е и редовна хидратација.
Што се однесува до препаратите, постојат специјално дизајнирани за кожата на вратот и деколтето, но за почеток доволни се хидратантните креми кои ги користиме на лицето и производите со антиоксиданси како што се витамините Ц и Е.
За подлабоки брчки, дерматолошките третмани, како ласер или микронидлинг, кои го стимулираат производството на колаген се исто така опција.
Кога станува збор за ноќната нега, постојат специјални инсерти кои создаваат празнина, но и силиконски ’маски’ кои ја обновуваат кожата навечер и спречуваат понатамошни брчки. Но, ако сè уште не сме во таа фаза, доволно е да се обидеме да спиеме на грб и да запомниме дека, кога зборуваме за нега на кожата, нашата нега на кожата на лицето не завршува со брадата, туку со деколте.