Фантомски звуци: Што се крие на дното на италијанското езеро?

22 мај, 20220
62309912-resia-italija

Темелите на градот сеуште се под вода, но камбанаријата е доволно висока за да го означи центарот на некогашното место кое многумина го нарекувале дом.

Јужен Тирол е познат по една од најнеобичните туристички атракции во Европа – езерото Ресија со камбанарија. Тоа е акумулационо езеро на северот на Италија направено во 1950 година.

Пред изградбата на езерото, во овој крај постоело село, кое било поплавено со акумулацијата на езерото. Она што денес останало од селото по поплавата е единствениот споменик, поточно кулата на селската црква која штрчи надвор од езерото. Во текот на зимата, кога езерото замрзнува, до неа се стигнува пеш.

61697140
62023443
62023444
62023445
62023446

Темелите на градот се уште се под вода, но камбанаријата е доволно висока за да го означи центарот на некогашното место кое многумина го нарекувале дом. Камбанаријата е важен историски симбол на регионот, поради што е обновена пред десет години. За да се покријат пукнатините на камбанаријата, требало да се исуши водата од езерото.

Многумина велат дека сè уште го слушаат ѕвоното од кулата, иако било отстрането по изградбата на езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *