За Кијану вели дека е „познат по својата добрина и дарежливост“.
Кери-Ен Мос имаше само убави зборови за нејзиниот колега и пријател Кијану Ривс во неодамна напишан есеј за магазинот „Time“.
Актерката во текст го пофали својот колега од „Матрикс“ во објавата за 100-те највлијателни луѓе за 2022 година.
Таа рече дека Кијану бил „познат по својата добрина и дарежливост“.
Во кратко, но суштинско книжевно дело, Кери-Ен Мос размислуваше за тоа зошто актерот е толку сакан, пишува „Дејли мејл“.
„Во овој често нељубезен и плиток свет, мојот пријател Кијану им дава надеж на другите“, забележа таа.
Таа направи контраст помеѓу Ривс, кој пораснал во Канада, и неговите познати врсници.
– Постапките на овој згоден, талентиран, успешен и жестоко посветен актер станаа излез од постојаното разочарување што го имаме за оние кои се ставаат на пиедесталот – изјави актерката.
Двајцата првпат работеа заедно на „Матрикс“ кон крајот на 1990-тите, а првиот филм беше премиерно прикажан во март 1999 година.
Улогите во франшизата ги повторија уште три пати, а последната излезе минатиот декември.
-Кијану беше баш како што е секогаш: љубезен, дарежлив и внимателен – напиша актерката.