Сите сакаме свеж изглед, а шминката е одличен сојузник
Еден од најстарите мејкап трикови на сите времиња е нанесувањето руменило на образите за да добиете румен, исончан изглед, а додавањето малку боја на образите е најбрзиот начин да изгледате помладо. Уште едно парче шминка кое се наоѓа во чантите на многу жени е коректор. Тој е еден од најсестраните производи за шминкање.
Тајните на шминкерите
Коректорот треба да биде кремаст и лесен за нанесување. Ќе ги покрие темните кругови и флеки под очите, ќе го изедначи тонот на кожата и ќе му даде на вашето лице подигнат изглед.
Нов тренд во областа на шминката доаѓа од социјалната мрежа „TikTok“ и вклучува комбинација од руменило и коректор под очите. Звучи чудно?
Шминкерот Спенсер го започна овој тренд кога сподели видео во кое помеша руменило со коректор. Овој мејкап трик го испроба и познатата шминкерка Ариел Техада со шминката на Кајли Џенер. Вешто ставајќи малку розова боја под очите, што предизвика природен изглед и чист тен.
Како работи?
Шминката е поврзана со теоријата на бои, каде што боите се поништуваат една со друга.
– Ова обично го нарекуваме потсликување, го подига лицето и истовремено му додава боја. Овој тренд одлично им делува на оние со светол или среден тон на кожа – изјавила шминкерката Лорен Первис, пренесува „The List“.