Препознајте ги првите знаци.
Дали се чувствувате како вашата сакана личност да го дала своето срце на некој друг? Зарем веќе не сте единствени во нејзиниот универзум? Еве како да проверите…
СЕКСОТ СЕ ПРОМЕНИ: Кога партнерот ќе се заљуби во друга личност и се уште не е интимен со неа, брачните односи можат да станат почести. Секако, секој е различен, па можно е поради нови емоции партнерот да прекине секаков контакт со вас.
ПАРТНЕРОТ Е ОТСУТЕН: Ако бара внимание и поддршка од друга личност, веројатно ќе престане да разговара со вас за своите потреби и желби.
СЕ ОДНЕСУВА ПОИНАКУ: Под влијание на вештините на некоја нова личност, вашиот партнер веројатно ќе почне да ги критикува вашите квалитети, како готвење или музички вкус, иако тоа претходно не го нервирало.
ПОТРЕБА ОД ПРИВАТНОСТ: Ако сите работи што ги споделувавте вие и вашиот партнер одеднаш станаа приватни, бидете внимателни! Криењето на компјутерот, промена на лозинка, тајно гледање во телефонот… Внимание!