Храната богата со масни киселини го подобрува расположението

popara28 јули, 20111min00
hrana so masni kiselini

Кога сме тажни и нерасположени, често утеха бараме во чоколада, сладолед или чипс. Истражувањата откриваат дали навистина тие влијаат на расположението и како.

Многу од производите по кои посегнуваме за време на тага се богати со масни киселини. Затоа, научниците во Белгија спроведоа истражување на 12 здрави лица со нормална тежина. Откако им била пуштена тажна музика и видео снимки, на некои од овие луѓе им биле дадени масни киселини преку инфузија, додека другите добиле солена инфузија. Потоа научниците ја скенирале нивната мозочна активност и разговарале за тоа како се чувствуваат учесниците.

Иако не знаеле кој од нив каква инфузија добил, оние кои добиле масни киселини ги опишале своите чувства како помалку тажни од оние што добиле солена инфузија.  Научниците заклучиле дека без оглед што не било присутно уживање во вкусот на храната, масните киселини влијаеле на расположението. На некој начин, стомакот комуницирал со мозокот.

Тие сметаат дека понатамошните истражувања ќе помогнат да се разбере врската помеѓу исхраната, расположението но и различните пореметувања, како што се дебелина и депресија. Би  можеле да помогнат и во пронаоѓање на лек за депресија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma